СДСМ: Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги

Од:

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги, вели СДСМ во соопштение за јавноста.

“ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминали, одговорна за најголемиот скандал за прислушување на граѓаните и упад во приватноста лажно обвинува.

СДСМ јавно ги демантираше лагите дека постои апликација која собира податоци, лични информации, видеа, фотографии или активност на интернет од граѓаните и ги повика сите институции да го потврдат тоа.

Дирекција за заштита на лични податоци веќе направи инспекциски надзор и очекуваме за тоа да ја информира јавноста.

Предупредивме дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и тимот на Сиљановска треба да знаат дека лажното
ријавување е кривично дело.

Бидејќи лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, СДСМ најавува соодветни пријави пред надлежните правосудни органи. Вистината е најсилен демант на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.”, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“