СДСМ: Стотици илјади евра за луксуз и полнење партиски џебови, а децата ни мрзнат по училиштата

Од:

„Ревизорскиот извештај за работењето на Министерството за образование и наука е најнова потврда за вистината што ја зборува СДСМ и што ја знаат сите граѓани – ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ владеат криминално. Тој е доказ и дека обвинетиот Никола Груевски и неговиот режим ги изгубија конците од рацете, а вистината како шило му избива на сите страни и веќе ништо не успева да спречи. Нема да успее да го спречи ниту соочувањето со граѓаните на 11 декември кога ќе му биде испорачана казната за ваквото криминално владеење.

Според наодите на ревизорите, преку МОН, односно со парите на граѓаните, се плаќани плати и хонорари на фантоми кои воопшто не оделе на работа. Целата јавност знае дека тоа се партиски послушници на Никола Груевски и неговите коалициски партнери. Незаконски се потрошени повеќе од 100.000 евра само по овој основ. Цицањето на парите на граѓаните за партиски цели ќе запре на 11 декември. Извршителите на криминалот ќе одговараат.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија поради криминалот и погрешните политики на Никола Груевски, во МОН се пиело и се јадело без мерка, се спиело во хотели со 5 звезди. Лани министерството направило расходи во износ од 203.000 евра без поткрепувачка документација за хотелско сместување, такси превоз, гориво, гезмиња по ресторани и угостителски објекти. Ова расипништво ќе заврши на 11 декември. И за ова ќе одговарате, Никола Груевски.

Во ревизорскиот извештај е објавено и дека лани се исплатени 383 000 евра по основ на камати за ненавремено подмирување на обврските, а за правосилните одлуки одлеани се буџетски средства по основ на трошоци по извршни исправи во износ од 50 000 евра. Ова е безобразно недомаќинско работење, додека училишта мака мачат со греење, превоз, материјали за работа. И на ова ќе му дојде крајот на 11 декември. И за ова ќе одговарате.

Секој ден е се појасно зошто обвинетиот Никола Груевски има уплав од 11 декември. По победата, новата влада ќе покаже дека без криминалното цицање на буџетот, има пари за се – и за повисоки плати и за поквалитетно образование. Никогаш веќе нема да дозволиме стотици илјади евра да се одлеваат за луксуз и полнење партиски џебови, а децата да ни мрзнат по училиштата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата