СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Од:

„Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници. Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид и Охридскиот регион откако 11 години на мал милион начини го злоупотребуваа природното и културно богатство на Охрид притоа грабајќи охромни провизии.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше охриѓани со белосветски измамници како Субрата Рој, го уништуваше Плаошник и градеше неконтролирано и нелегално исклучиво за да се богатее, денес СДСМ ги решава наследените проблеми.

Наспроти игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид, сегашната централна и локална власт интензивно работат на спроведување на препораките на УНЕСКО и заштита на културното и природното богатство на Охрид.

Владата на СДСМ останува посветена да соработува со Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор се со цел со сите сили да се заштитат природните и културните убавини на Охрид кои се значајни и за градот, но и за цела држава“, се вели во реакцијата на СДСМ Охрид на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците