СДСМ: Според ВМРО-ДПМНЕ Собранието треба да биде длабоко ограничено и зависно од Владата

Од:

„Вистина е дека работната група за имплементација на препораките на ад – хок комисијата во изминатиот период работеше на четири од вкупно единаесет препораки содржани од Извештајот на комисијата.

Точно е дека се дојде до одреден степен на согласност за две препораки, конкретно за Буџетската постапка и за Етичкиот кодекс.

СДСМ во овој процес се водеше и се води од определбата РМ да добие позитивен Извештај на ЕК како и да добие функционален, отворен и вистински Парламент.

Но во исто време, не е точно дека работната група е пред завршување на својата работа од едноставна причина што ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена на компромис и договор за преостанатите две препораки. Според нив собранието на РМ треба да биде длабоко ограничено и зависно во својата работа од Владата, а на пратениците и суштински и временски да им се ограничи и намали нивната работа и обврска за контрола на Владата и работење во интерес на граѓаните.

Тоа за СДСМ е неприфатливо. И тоа е единствената причина зошто до сега не се постигна консензуален договор, макар за четирите од вкупно единаесет препораки.

Конечно зошто до сега не се постигна договор, одговорите јавноста треба да ги бара исклучиво во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на одговорот на новинарско прашање на прес-конференцијата на Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година