СДСМ: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ им откажуваат послушност на Бакрачески и Никола Груевски

Од:

Поддршката кај граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески одамна ја имаат загубено.

Дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ им откажуваат послушност на Бакрачески и Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески на последната седница на Советот на општина Охрид не можеа да обезбедат мнозинство гласови за на дневен да ред ја постават точката за донесување одлука за времени објекти, којашто беше дополнително побарана од службите на општината.

Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни долгорочни последици по развојот на Охрид, на ова СДСМ укажа уште на самиот почеток.

Дека тоа е точно покажува и фактот што за нејзино поставување на дневен ред, покрај СДСМ и двајца независни советници, не се изјасни ниту советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Не можејќи да ја контролира настанатата ситуација Бакрачески се нафрли врз дел од советниците и службите.

Очигледна е нервозата кај највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои ја губат контролата во своите редови.

Им се ближи крајот и затоа брзаат со донесување на неразумни одлуки, одлуки кои не се во интерес на граѓаните туку во интерес на бандата на Никола Груевски.

Заради тоа граѓаните се на нозе, бараат правда, слобода и демократија.

За брзо време на фер, демократски и кредибилни избори граѓаните ќе ја казнат оваа ненародна, криминална власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече на прес конференција, Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски