СДСМ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ соучесник во еколошкото уништување на Дебрца

Од:

Oткако на 46-та седница на Советот на општина Дебрца не помина точката за изградба на бетонска и асфалтна база во местноста „Царополе”, во атарот на село Ново Село, по барање на советничката група на ВМРО ДПМНЕ , експресно, за ден 21.11.2016 година свикана е 48-та седница на која на дневен ред повторно е поставена точката за изградба на бетонската и асфалтната база, како и точката за рудникот за експлоатација на минерална суровина-варовник во местноста “Чифлиска Краста”, село Долно Средоречје. Станува збор за два проекти кои претставуваат темпирани еколошки бомби, во срцето на Дебрца.

И во оваа прилика, како советничка група го повторуваме нашиот став за наведените проекти, а кој кореспондира и со барањата на граѓаните, изразени на мирните протести. Цениме дека е недозволиво асфалтната база да се гради на плодно земјоделско земјиште, на локација која гравитира непосредно до населени места, до реката Сатеска, која е дел од сливното подрачје на Охридското Езеро и непосредно до природната реткост “Белчишкото блато”, кое е нашето најзачувано блато во оригинална форма. Во вчерашното соопштение Градоначалникот на општината се пофали со проект за Белчишкото блато, а во неговата изборна програма ветуваше негова заштита како природна реткост, а од друга страна советничката група на ВМРО ДПМНЕ дава поддршка на проекти кои ќе имаат несогледиви штетни последици по почвата, водата и воздухот, не само во локалитетот на блатото, туку и пошироката природна средина во Дебрца.

Истото се однесува и на рудникот за варовник, кој е во непосредна близина на неколку верски објекти во атарот на село Белчишта и до самото село.

Предлагаме, ваквите објекти да се изградат на друга локација, каде негативните еколошки влијанија би биле помали.

Воедно, апелираме до советниците на ВМРО ДПМНЕ и независниот советник да одлучуваат во интерес на граѓаните, а не профитерски и за тесни партиски интереси и да не ги поддржат наведените одлуки.

Во спротивно, ќе бидат соучесници во еколошкото уништување на Дебрца, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он