СДСМ: Состојбата во која денес се наоѓа Охрид е директна последица од неодговорното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Нема поголемо лицемерие од она ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, после се она што му го направи на градот и Охридскиот регион, реагира СДСМ на изјавата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Состојбата во која денес се наоѓа културното и природното богатство на Охрид е директна последица од неодговорното и криминално децениско владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста многу добро знае дека токму Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ целосно му го смени ликот на Плаошник со огромното бетонско издание на Светиклиментовиот универзитет.

Токму ВМРО-ДПМНЕ планираше да гради аеродром на вода и ски-жичарница на Галичица и носеше белосветски измамници како Субрата Рој кој сакаше да гради ресорти и скапи хотели на брегот на Езерото.

Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас да бидат легализирани за само едно евро за метар квадратен.

Неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ речиси го превртеа Охрид наопаку и затоа денес опозициската партија нема минимум кредиблитет да зборува за Охрид и Охрискиот регион.

Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Владата, општината и сите надлежни институции ќе сторат се за да се спроведат препораките на УНЕСКО, а богаството на Охрид, Охрискиот регион и Охридското да не биде загрозено.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он