СДСМ: Состојбата во ГАК ја потврдува негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, Владата презема иницијативи за унапредување на здравството

Од:

„Состојбата на Клиниката за гинеколгија и акушерство (ГАК) ја докажува долгогодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Никола Тодоров за здравјето и интересите на граѓаните во изминатите 11 години.

Недостатокот на инкубатори, медицински сестри, лекари и анестезиолози, лошиот систем за терморегулација и вентилација, покривот што прокиснува, дотраените стерилизатори и појавата на влага во ГАК, се директна последица на долгогодишното криминално и расипничко владеење на Груевски и Тодоров, кои поради криминални интереси ги запоставија здравјето и интересите на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство се свесни за сериозноста на наследените проблеми во ГАК и воопшто во здравствениот систем. Преку одговорен и ефикасен пристап, Владата предводена од СДСМ, презема иницијативи за надминување на проблемите, санирање на штетите и унапредување на здравствениот систем“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски