СДСМ: Состанокот во Лондон потврди, сигурноста и стабилноста се обезбедени, стануваме 30-та земја членка на НАТО

Од:

„Република Северна Македонија станува 30 земја членка на Алијансата, потврда за тоа е и Самитот на НАТО во Лондон каде нашата држава доби уште еднаш силна поддршка од сите земји членки на НАТО сојузот.

Се остварува една од најважните стратешки цели на нашата држава и заложбите на минатите и сегашните генерации, се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да стане членка на НАТО.

Еднакви со најмоќните, рамо до рамо со светските сили, рамноправни со најсилните економии во светот“, велат од СДСМ.

„Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот и држава во која граѓаните имаат сигурна иднина.

Придобивките на Република Северна Македонија со членството во НАТО се огромни. НАТО значи стабилност, сигурност, безбеденост, но и отворање и проширување на можностите за зголемен економски раст, охрабрување на инвеститорите за нови инвестиции, пристап до нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места.

На прав пат сме, од изолирана земја скарана со соседите, станавме светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија