СДСМ: Сомнителните тендери беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Сомнителните тендери, создавањето монополи и остарувањето криминални и бизнис интереси на поединци беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради таквиот однос на таа партија здравствениот систем беше срозен, а медицинскиот персонал потценет.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се набавуваше лабораториска опрема која се уште не е во употреба заради несоодветноста и чија цена е далеку од реалната пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство со новиот начин на набавка имаат за цел да овозможат заштеди и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Преку централизираната набавка ќе се овозможи рационализација, избегнување на двојни анализи и ќе се воведе електронски систем во лабораториите. Како резултат на тоа, набавките ќе бидат по мерка, а на тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди што ќе се создадат ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови.

Индивидуалното носење одлуки на дел од поранешните директори во јавните здравствени установи кулминираше со кривични пријави за начинот на набавка на медицинска опрема и затоа, лицемерно е денеска ВМРО- ДПМНЕ да зборува за криминал.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ