СДСМ: Вељаноски нека не чека датуми, не се враќаме во парламентот

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски може да ги верификува во секој момент оставките на пратениците од опозицијата, депонирани пред пет месеци, соопшти СДСМ по синоќешната средба на Извршниот одбор со пратеничката група.

– Пратениците на опозицијата пред пет месеци ги депонираа своите оставки во Собранието. Трајко Вељаноскки може да ги верификува во секој момент и нема потреба од поврзување со какви било датуми за тоа да го стори, се наведува во соопштението по состанокот.

Централна тема на редовниот состанок, како што наведува СДСМ, беа активностите и учеството на пратениците во фазите од реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на СДСМ, а било разговарано и за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

– Беше констатирано дека владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичка конфузија во којашто се наоѓа Собранието на Република Македонија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога