СДСМ: Со засадување 180 дрва ја започнуваме еко акцијата „Зелена и чиста Кисела Вода”

Од:

Општинската организација на СДСМ Кисела Вода денеска започнува еко-акција „Зелена и чиста Кисела Вода“.

„Заедно засадуваме 180 висококвалитетни дрва на повеќе локации низ општината.

Цветан Димов, Пржино, Бирарија, Црниче Бараки Пинтија, Подстаница, Усје, населба Драчево и Три круши денеска и утре ќе бидат засадени 180 дрва за зазеленување на нашата општина.

Квалитетот на воздухот и животната средини зависат од сите нас, од нашето делување, од нашата свест. Секој од нас има шанса да придонесе за заштита на здравата животна средина и чистиот воздух.

Ги повикиваме сите граѓани на Кисела Вода да се приклучат на оваа акција и да дадат личен придонес во обезбедувањето чист воздух и здрава животна средина.

Ајде заедно да се грижиме за нашата животна средина.

Еколошката акција „Зелена и чиста Кисела Вода“ што Општинската организација на СДСМ ќе ја спроведува во неколку наврати во текот на целата година. Освен засадувањето дрва акцијата ќе се прошири и со чистење на јавни површини, диви депонии, како и едукација на граѓаните.

За зелена и чиста Кисела Вода, за здрава иднина на сите нас“, изјави Бојан Петрески, портпарол на ОО СДСМ Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on