СДСМ со заложби за слободни и професионални медиуми

Од:

СДСМ денеска преку соопштение изрази почит кон професионалните новинари и наведува дека Македонија ќе биде земја на слободни, професионални и независни новинари и медиуми.

– СДСМ се придружува на ставот на ЕУ дека слободното изразување и известување на медиумите придонесува кон смирување на тензиите и разликите во општеството кога граѓаните навремено, транспарентно и неселективно ќе бидат информирани преку проверени вести низ квалитетно и етичко новинарство, се вели во соопштението и се додава дека „новата влада се обврзува дека ќе ја почитува и заштити слободата на говор и слободата на медиумите како врвни демократски вредности на цивилизираните општества“.

Според СДСМ, случувањата со, како што наведува, затворањето новинари, затворањето медиуми, бркањето од работа, притисоците на нивните работни места, уцените врз нивната егзистенција придонело Македонија и во овогодинешниот извештај на Репортери без граници да биде рангирана последна во регионот по медиумски слободи.

– Но, достоинството што го покажаа новинарите и медиумските работници на денот на крвавото насилство во Собранието и просторот и одговорноста што ја покажаа одредени медиуми да информираат објективно за потресните случувања по демократските процеси во државата, дава надеж дека во Македонија може да биде рехабилитирана слободата на мислата, говорот и изразувањето во општествена смисла, соопшти СДСМ.

Тоа во периодот што претстои, се додава, ќе биде неопходно за клучните реформските приоритети, што треба да обезбедат европска иднина на државата, а меѓу нив, како што е наведено и во Извештајот на Прибе и во Извештајот на Европската комисија е независното новинарство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата