СДСМ: Со субвенциите, Владата купува социјален мир

Од:

На средина на месец септември, на прагот на есента , време кога се собира реколтата, време кога домаќините почнуваат со спремање зимница, СДСМ направи осврт на успешноста на политиката на Владата на РМ во земјоделието.

Велат, во основа, политиката на оваа влада во земјоделието се сведува на давање субвенции. Самата влада, посочуваат, во секоја прилика, се фали дека ги има драстично зголемено субвенциите во земјоделието, и дека тоа претставува „грижа“ за земјоделците и „добра земјоделска политика“. Првиот дел од оваа реченица е точен – во периодот 2006 – 2012 година, оваа влада има исплатено над 500 милиони евра за субвенции. Но, како стојат работите во однос на ефектите од таа политика?

Има 3 показатели: (1) трговскиот биланс на РМ со прехранбени производи; (2) просечните приноси во земјоделието; (3) цените на храната кои ги плаќаат граѓаните на Македонија.

1208881_195656430606120_784532658_n

1. Извозот на прехранбени продукти во 2006 г. изнесувал 318 милиони евра, а во 2012 изнесувал 479 милиони евра; пораст од 50%; увозот на истите производи во 2006 изнесувал 367 милиони евра, а во 2012 година 680 милиони евра; тоа е пораст од 85%; дефицитот во 2006 година изнесувал 49 милиони евра, а во 2012 година 200 милиони евра; пораст од над 300% (три пати);

2. Увозот на пченица во 2006 година изнесувал 3,7 милиони евра, а во 2011 година 18,5 милиони евра; пораст од 400%; вкупно во периодот 2006 – 2011 година за увоз на пченица се потрошени над 11 милиони евра; увозот на пченично брашно во 2006 година изнесувал 800 илјади евра, а во 2011 година 10 милиони евра; пораст од 1.150%; вкупно во периодот 2006 – 2011 година за извоз на пченично брашно се потрошени 12.7 милиони евра;

3. Просечните приноси во земјоделието, кај најголем број од културите, во овој период, во најдобар случај, се останати на истото ниво како во 2006 година;

4. Цените на прехранбените производи кои ги плаќаат граѓаните, во целина, во периодот 2006 – 2012 година се зголемени за 35%! Тие имаат пораст еднаков како цените на храната во најзначајните надворешно-трговски партнери на Македонија; но, приходите на граѓаните, оние од чии пари се алиментираат субвенциите, не се пораснати за толкав износ; тоа е јасен доказ за пад на животниот стандард на граѓаните; од друга страна, и покрај големиот пораст на цените на храната, земјоделците производители во РМ постојано истакнуваат дека откупните цени на нивното производство се ниски и опаѓаат!

 

„Од сето изнесено, следи прашањето: за што (за каков ефект) се потрошени половина милијарда евра за субвенции? Одговорот е јасен – оваа влада субвенциите во земјоделието ги користи само за купување социјален мир и лојалност на земјоделците (на избори). А граѓаните кои ги плаќаат тие средства – тие се изиграни за личните цели и потреби на власт“, рече потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.

Идната влада на СДСМ планира сосема поинаква политика во однос на земјоделието. Таа ќе го опфаќа следното:

1. Основниот акцент ќе биде ставен на зголемување на ефикасноста и конкурентноста на земјоделското производство; субвенциите се пари на сите граѓани и тие треба да бидат користени за подобро задоволување на нивните потреби!

2. Износот на средства за субвенции нема да биде намален, но нема да има едноставно делење пари за засадена/посеана површина;

3. Многу поголеми средства ќе се наменат за:

a. одржување и изградба на системи за наводнување

b. набавка на квалитетни семиња и подобри видови стока

c. подобрување на сигурноста на откупот

d. подобра дистрибуција на земјоделски производи, и

e. субвенционирање на влезните трошоци за земјоделско производство (нафтата и друго);

4. Зголемување на искористеноста на средствата од европските фондови наменети за земјоделско производство.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата