СДСМ: Со помилување криминалци ВМРО ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба

Од:

Со скандалозни помилувања на криминалци и нарко босови од затвор и нивно пуштање на слобода ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба. Шокантните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ кои ги спроведува Сиљановска Давкова ја занесуваат секоја церемонија денеска, велат од СДСМ.

„Додека Мицкоски внатре зборува за идеали, надвор се помилуваат нарко босови вклучени во криминални активности, трговија со дрога и оружје, вмешани во мафијашки пресметки. Ова е срам и погазување на идеалите на револуционерите од македонската револуционерна борба. Ова е директно загрозување на правната држава и охрабрување на криминалните структури.

Неправда, наместо правда. Јасен сигнал дека криминалците се под заштита на власта и дека тие можат да продолжат да хараат по улиците, без никаква казна. Граѓаните со право ќе бидат загрижени за својата безбедност кога криминалци се пуштени на слобода благодарение на Давкова и ДПМНЕ. Што им должи ВМРО-ДПМНЕ на криминалците од нарко – кланот Барон, какви услуги им враќаат денеска? Длабоките врски на ВМРО-ДПМНЕ со криминалните структури и криминалното подземје се на виделина, никој не може да ги сокрие“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни