СДСМ: Со Пендаровски граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина

Од:

Со, кандидатот за претседател на државата на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски, граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина. Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност, тврдат од СДСМ.

– Со негова одговорност и независност го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата. На претстојните избори, изборот пред граѓаните е продолжување на напредокот кон ЕУ или изолација. На граѓаните и на државата не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател, како Пендаровски кој ќе турка напред по вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности. Македонските граѓани сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој. Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски