СДСМ: Со ништо не може да се прикрие неспособноста и лошото менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска со Град Скопје

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Воислав Димитровски, директор на „Лајка“.

„Со ниту една лага и манипулација не може да се прикрие неспособноста, лошото менаџирање и неработењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партиски поставени кадри за директори на јавни претпријатија.

За само неколку месеци покажаа дека тие се грижат само за лични и партиски интереси, а парите на граѓаните ги трошат за расипнички набавки на скапи телефони и компјутери, сокови, чоколадни бонбони и партизација на општините.

Додека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра за партиски вработувања, во ЈП „Лајка“ вработените со месеци немаат земено плата.

Поради лошото менаџирање нема соодветни набавки на храна и медицински материјал и под знак прашање е доведено функционирањето на Лајка.

ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во време на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.

Поради недомаќинско работење и лошо менаџирање од Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја манипулираат јавноста и општинските средства да ги користат за партиски вработувањa, треба веднаш да ги исплатат сите заостанати плати на вработените во ЈП Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски