СДСМ со контра мерки за политичките хајки

Од:

Врвот на СДСМ во проширен состав вечерва расправаше за новонастаната состојба по одредувањето на мерка притвор за претседателот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

Градоначалниците на СДСМ да го замрзнат учеството во ЗЕЛС, членовите на опозицијата да го прекинат учеството во работната група во Собранието што треба да го имплементира Извештајот за настаните на 24. декември, а советниците на опозицијата да ја бојкотирата првата наредна седница на советите во сите општини во земјата, се дел од мерките за да се изрази незадоволството и да се стави крај на политички-монтираните случаи и партизираното судство.

За СДСМ акцијата „Претседавач“ е монтиран случај и обвиненијата на сметка на Шиповиќ се со единствена цел да се рекомпонира Советот во Центар и да се спречи објавувањето на документи за „Скопје 2014“, но и за други случаи каде луѓе од власта се вмешани во криминал и корупција.

Мерките и натамошните чекори СДСМ ќе ги соопшти утре.

 

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он