СДСМ: Со кое министерство раководи Никола Тодоров?

Од:

Со кое министерство раководи Никола Тодоров, за здравство или образование? Или сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ добија задача да го бранат апсурдниот потег на Спиро Ристовски, Абдулаким Адеми и Никола Груевски за екстерно на факултетите, што наиде на остри критики од целокупната јавност, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Никола Тодоров.

Екстерното тестирање се покажа како апсолутно погрешно мерило за знаењето на учениците.

Во основното и средното образование, голем број од учениците кои континуирано учат и се оценети со високи оценки од професорите, на екстерните тестирања покажаа слаби резултати.

Исто така, има голем број случаи каде што оние ученици со ниска оценка во текот на годината, добија петки на екстерното. Препишале, го имале тестот или едноставно имале среќа.

Професорите се постојано со учениците и со студентите. Тие го следат нивното знаење и тековно го испитуваат.

Од есктерното оценување НЕ зависи дали некој ќе биде добар лекар, статичар или архитект.

Од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени пак да го кршат Уставот, со цел и високото образование и младите да ги стават под своја капа.

Партијата што е рекордер по бројот на вечни студенти во своите редови, се обидува своите фрустрации да ги лечи врз новите генерации. Срамно.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме