СДСМ: Со Груевски нема НАПРЕД! Македонија е најлоша земја по квалитет на живеење

Од:

Благодарение на промашените политики и криминалното владеење на фамилијата на власт, Македонија од почитувана и средена држава денес стана земја со најлош квалитет на живот во Европа.

Десетгодишното крадење на државниот буџет, растот на трошоците за живот и ниските плати ја рангираа Македонија како најлоша земја со квалитет на живеење во цела Европа според ранк-листата на Бостон консалтинг груп.

За Македонија повторно да стане добро место за живеење, во Планот за живот во Македонија предвидуваме низа на мерки со кои ќе го подобриме квалитетот на живот на сите граѓани.

На крајот од секоја година, секој граѓанин ќе добие поврат на Данокот за додадена вредност во висина од 15 отсто од износот платен за ДДВ. Тоа ќе значи една плата повеќе во едно просечно четиричлено семјство. За по праведна даночна политика ќе воведеме фер и правичен даничен систем во кој сиромашните ќе плаќаат повеќе.

Дополнително ќе ги зголемиме семејните буџети преку укинување на радио дифузната такса, а трошоците за електрична енергија ќе се намалат преку враќање на евтината тарифа на струјата на два часа во работни денови и птрку целиот викенд.

Ова ќе бидат првите чекори во Планот за живот во Македонија кои ќе бидат во насока на враќање на парите кај граѓаните кои ќе резултираат со поголеми смејсни буџети и зголемена потрошувачка моќ. На овој начин ќе почнеме да го враќаме квалитетот на живеење кој и прилега на една земја кандидат за ЕУ.

По промените на 11 декември ќе тргнеме Македонија од сите срамни листи и ќе го вратиме животот во Македонија. Затоа што сите, а не само некои имаат право на квалитетен живот.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он