СДСМ: Со ДУИ не е договорен премиер по принцип „три години Заев, една Зибери“

Од:

СДСМ ја демантира веста објавена на една од националните телевизии, дека е договорен премиер по принципот „три години Заев , една Зибери“ и дека ДУИ ќе управува со УЈП и со МВР.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така, не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори. СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена. На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда“, велат од партијата.

Од СДСМ велат дека доколку има договор тоа јавно ќе биде соопштено.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби