СДСМ: Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години!

Од:

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ одработува за туѓи центри и дека со оваа партија на чело нема да влеземе во ЕУ во следните 100 години.

„Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години! „Mоже да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“,

Ова признание на Мицкоски пред целата јавност, во интервју за 360 степени е само уште една потврда на се што говориме.

ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава. Пропуштивме историска шанса во 2008 ма година за членство во НАТО и изгубивме 12 години поради ДПМНЕ.

Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ.

Граѓаните немаат нови години за губење. Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите. Блокадите на ДПМНЕ и Левица на европскиот пат се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.

Два политички блока имаме во земјава, два концепти, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.

Изборите ќе бидат референдум за европската иднина на земјата. Глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори е глас членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина“, рече Кузеска на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски