СДСМ: Со блокадата на законот за служба на Армијата ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна од интересите на државата

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно дејствување во Собранието продолжуваат да нанесуваат директна штета на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата со 2.000 амандмани. Со оваа блокада ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против олеснување на условите за пензионирање, против отпремнини за припадниците на Армијата велат во соопштение од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците, луѓе кои заштитници на татковината, кои се подготвени да го дадат својот живот, кои за целото времетраење на пандемијата со коронавирусот се дел од првите борбени редови, да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, ВМРО-ДПМНЕ е против дополнителните поволности при пензионирање. ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува можноста за стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на Армијата“ – се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?