СДСМ: Со блед и типично партиски говор Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе освен продолжена рака на Мицкоски и Груевски

Од:

Со типично партиски речник на ВМРО-ДПМНЕ, со блед, неубедлив и празен говор, вечерва Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе од продолжена рака на Мицкоски и Никола Груевски, соопшти СДСМ.

Од таму велат дека, Сиљановска е иста како Мицкоски. Не понуди ништо друго освен гола критика на се и сешто, кочење и блокирање на иднината на државата, против НАТО и ЕУ.

Сиљановска не се огради од ниту една криминална политика на Никола Груевски, не осуди ниту едно насилство, ниту една неправда од режимот со што се стави во негова директна одбрана, посочуваат од СДСМ.

Ова издание на Сиљановска е веќе видено. Граѓаните не слушнаа ниту една државна порака, ниту еден конкретен проект од нејзината програма, не слушнаа ништо за нејзината визија. Јасно е дека нејзиното делување се сведува на обиди за кочење на започнатите процеси, кочење на напредокот и нови поделби меѓу граѓаните, смета СДСМ.

Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат кочење и блокирање. Граѓаните се за напредок, сигурна и стабилна иднина во НАТО и ЕУ.Затоа, на 21-ви април граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател, повикува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема