СДСМ: Со 35 милиони евра за барок можеше да се реши проблемот со загадувањето

Од:

„Граѓаните во Македонија секојдневно дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички.

Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во скопско Лисиче е 4 пати над дозволеното, Гази Баба 4 пати, Битола исто така 4 пати, а во Тетово 7 пати над дозволената граница. Во Велес концетрациите на ПМ10 честитчки е 2 пати над нормалата, а во Кичево 4 пати над дозволеното.

Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот.

Помеѓу 150 до 180 денови годишно граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.

Наместо инвестиции и мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ објави оглас за барокна фасада од над 35 милиони евра народни пари.

Личното богатење, тендерите за споменици, криминалните зделки, мерцедесите, плацевите на Водно се она што цели 10 години Груевски, Мијалков и фамилијата најдобро го прават е на штета на граѓаните.

Криминалните политики на Никола Груевски го загрозија здравјето на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Наместо за барок, со 35 милиони евра инвестиции можеше да се реши проблемот со загадувањето и граѓаните да дишат чист воздух“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски