СДСМ: Смрзнати ученици и училишта во долгови ли се ефектите од проектите на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

„Да беше Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ минимално посветена на образованието немаше проблемот со огромните долгови на основните и средните училишта да ескалира, учениците немаше да седат дома а најмлаку ќе мрзнеа во ладни училници.

Како ВМРО-ДПМНЕ може да тврди дека нивната влада ги остварила сите проекти во образованието кога децата ширум Македонија пешки одат на училиште по дожд, поради проблеми со превозот, а учениците мрзнат во незагреани училници, без греење?

Тоа ли се ефектите од сите реализирани проекти на ВМРО-ДПМНЕ во образованието, смрзнати ученици и училишта во долгови?

Проблемот со долговите на училиштата е сериозен. Цената за неодговорноста на власта  ја плаќаат децата и родителите. Наместо паушално напишани соопштенија ВМРО-ДПМНЕ нека ги засука ракавите и нека превземе мерки за решавање на наталожените проблеми.

Доколку исплатата на блок дотациите е во целост реализирана, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, а училиштата немаат средства да платат ниту греење ниту сметки за струја, тоа е дополнителна причина власта веднаш да ги примени сите мерки што денес ги предложи СДСМ.

Тие се во интерес на децата, родителите и сите граѓани“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Дејан Павлески.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски