СДСМ-Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се симболи на корупција

Од:

Партијата на Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за најкоруптивниот проект во историјата на Скопје – проектот „Скопје 2014“ за кој Груевски лажеше дека ќе чинел 80 милиони евра, за на крај да потроши околу 700 милиони евра на лажен барок велат во соопштение од градската огранизација на СДСМ-Скопје.

– Белата Палата“ во која ги пишуваат пресовите на Арсовска е симбол на корупцијата, криминалот и непотизмот во Скопје – уништувач на модерно Скопје. И врапчињата на покривите знаат дека изборната кампања на Арсовска е финансирана од криминалната бела палата на ВМРО-ДПМНЕ. Данела Арсовска е исто така симбол на корупција – токму на нејзин предлог урбаниот мафијаш Сеад Кочан е изгласан за нејзин заменик-претседател на Сојуз на стопански комори. Данела Арсовска досега нема спомнато ниту збор за коруптивните зделки на нејзиниот заменик Сеад Кочан и за коруптивните злодела на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, никој не и верува на Данела Арсовска дека ќе се бори против корупцијата, која царува во белата палата со „велелепни лустери, црвени теписи, со махагони“, се вели во соопштението од СДСМ-Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!