СДСМ: Скопје е помеѓу најзагадените градови во Европа

Од:

„Скопје и уште неколку градови во Македонија се помеѓу најзагадените во Европа. Виновник за ваквата состојба не е никој друг освен власта на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погрешни политики.

Два од булеварите што ВМРО-ДПМНЕ ги споменува во своето соопштение се наоѓаат во општина Аеродром.

Загадувањето ги демантира ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа булеварите го намалуваат загадувањето а мерната станица во Лисиче, која се наоѓа токму во оваа општина, покажува најголемо загадување во Скопје?

Власта наместо да се крие зад партиски соопштенија нека излезе и нека им одговори на граѓаните:

Зошто дозволи увоз на возила стари повеќе од 10 – 15 години, што емитуваат штетни материи десет пати повисоки од оние што се застапени кај новите возила?

Зошто секој парк или слободно зеленило во градското подрачје, посебно во Скопје, во претворија во катна гаража?

Зошто ништо не презеде Владата на Никола Груевски и не ги поддржа компаниите за достигнување на еколошките стандарди?

Милионски садници со дрва, освен во партиските соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија нема. Потврда за тоа се официјалните податоци од Државниот завод за статистика коишто покажуваат намалување на вкупната површина под шуми.

Власта на Груевски не се грижи за животната средина ниту за здравјето на граѓаните. Тоа е факт“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за прес конференцијата на Пеце Мирчески.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски