СДСМ: Скопје 2014 година е проект на безумно трошење и неверојатна корупција

Од:

Гордана Јанкуловска, исто како и Никола Груевски, залудно се надеваат дека ќе се промени ставот на СДСМ за некој да се спаси од кривично гонење за проектот Скопје 2014.

Ставот на СДСМ е кристално јасен и непроменет: Скопје 2014 година е проект на безумно трошење и неверојатна корупција.

Уште во 2011, во програмата го напишавме тоа и појаснивме: „Некои од објектите кои имаат функционална и општествена оправданост ќе ги доизградиме и пуштиме во употреба (објектот на Македонската филхармонија и Стариот театар)„. Ниту еден став на СДСМ не се променил, па дури ни со посета на јубилеј на една странска фирма.

Нашата задача како идна власт во оваа држава нема да биде да одлучуваме кој каде ќе прославува, туку кривично да ги гониме оние кои искрадоа речиси пола милијарда евра криејќи се зад Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он