СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Од:

Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.

-Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славевски. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со право работниците бараат поголеми плати. Обврска на власта е да ги зголеми плати е а да се обидува да ги замолчува. Тоа е истиот човек, кој беше против покачувањето на минималната плата за работниците. Но, еве прашуваме зошто Трајко Славевски не се откаже од паушалот од 600 евра во Советот на Град Скопје, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Славески: Нема да поднесам оставка

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО