СДСМ: Скандал, градоначалникот на Прилеп со пет директори фатени во криминал со превозот на ученици

Од:

Постои основано сомнение дека градоначалникот од Прилеп и 5 директори од средни училишта го прекршиле законот со незаконски јавни набавки. Бараме итна реакција на надлежното Јавно обвинителство и соодветни кривични пријави, вели Петра Лукароска претседателската на Општинската организација на СДСМ Прилеп.

– На 6-ти март 2023 година, директорите на 5-те средни училишта од Општина Прилеп: „Ѓорче Петров”, „Кузман Јосифоски – Питу“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и Гимназијата „Мирче Ацев“, во својство на застапници на договорни органи и правни лица, склучиле Договори за јавна набавка на услуги за превоз на ученици. Договорите биле со важност до 31.12.2023 година и освен времетраењето, со нивното потпишување двете страни ја прецизирале и вредноста на Договорите. Две недели пред истекот на времетраењето на Договорите, директорите на 5-те училишта и превозниците склучиле анекси со кои важноста на Договорите ја продолжиле до 29.02.2024 година. После првиот, следувало потпишување нов, втор по ред анекс на Договорот. Меѓутоа, освен што неговата важност ја продолжиле за нови 50 дена, овој пат директорите направиле измена и во вредноста на Договорот, поточно ја зголемиле цената на услугата, што е спротивно на Законот за јавни набавки.За целото тоа време превозниците вршеле превоз на ученици без важечки договори, а за извршената услуга доставувале фактури кои директорите ги исплаќале без претходно спроведена јавна набавка, рече Лукароска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник