СДСМ: Скандал – Кардиологија останала само со еден антибиотик со кој ги лечат сите пациенти?!

Од:

„Никола Тодоров веднаш да излезе и да каже дали Кардиологија е оставена само со еден антибиотик и зошто?

Според информации од лекари, на Клиниката за кардиологија, во моментов има само еден антибиотик што им го даваат на сите пациенти кои се болнички згрижени.

Лекарите стравуваат дека со ваков начин на лекување може да им се случи нешто лошо на оперираните пациенти, за кои тие одговараат.

Бидејки има само еден антибиотик, тие биле приморани да им ја сменат терапијата на пациентите и да го даваат истиот лек на сите?!

Ова е скандал, посебно ако се земе предвид дека станува збор за тешко болни, со операции на срце.

Тодоров треба да излезе и да каже дали на лекарите им е забрането да им соопштат на семејствата на пациентите дека лекови нема.

За состојбата, според информациите што ги имаме, лекарите им шепунувале на семејствава на болнички згрижените пациенти, за да можат тие да им го купат соодветниот лек.

Власта во соработка со медиумите под контрола спречува јавноста да ја дознае вистината што се случува во здравството.

На Кардиологија веќе два месеца немало дури 70 проценти од потребниот медицински материјал за лекување и третман на пациентите.

Недостигаат и лекови за крвен притисок, што пациентите морале да си ги купуваа сами.
Пациентите се приморани да си купуваат сами дури и батерии за холтерите за ритмии.

Никола Тодоров треба да каже дали и зошто Клиниката за кардиологија работи со 50 проценти помалку хигиеничари? Дали само еднаш во неделата доаѓа договорена служба која чисти што не е минимум доволно за одржување на потребната хигиена за тешко болните пациенти.

Никола Тодоров и власта на Груевски не ја интересираат пациентите, туку само тендери.

Дури и Светска банка констатира дека трошоците во здравството се неефикасни, пациентите плаќаат од свој џеб, долговите на болниците растат, а една од причините е што Министерството за здравство им наложува програми на здравствените установи кои тие ги реализираат, а не им префрлува целосно пари за тоа.

Граѓаните ќе ги казнат Тодоров, Груевски и неговите кадри што ги загрозуваат нивните животи и ќе изберат одговорна Влада што ќе се грижи за нив.

Еден од приоритетите во Програмата на СДСМ е квалитетно јавно здравство и превентива
и лекување по најсовремени стандарди“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ