СДСМ: „Сител“ пак ја манипулира јавноста

Од:

Телевизијата „Сител“, повторно кршејќи ги елементарните стандарди на новинарската професија, ја манипулира македонската јавност, реагира СДСМ.

„Пренесувајќи лични ставови од колумна на почитуван македонски интелектуалец, објавена пред неколку години и етикетирајќи ги како партиски, дополнително вадејќи од контекст изјави на високи претставници на СДСМ, се обидува да наметне мислење во јавноста каков е ставот на СДСМ по однос на спорот со Грција за уставното име на Република Македонија. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија постојано и континуирано, јавно и недвосмислено го искажува својот став за овој спор. Меѓутоа, вистинското прашање е зошто тој што има обврска и одговорност да се произнесе и да изнајде решение за спорот со името, а тоа е премиерот и ВМРО-ДПМНЕ, не ги презентира своите ставови во јавноста. Молчи и се крие користејќи го квазипатриотизмот и евроскептицизмот како алиби“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он