СДСМ: Сите пратеници да ги поддржат новите мерки на Владата за помош на граѓаните

Од:

Владата предводена од СДСМ донесе сеопфатен пакет од 26 антикризни мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и ќе му помогнат на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза. За реализација на клучните мерки потребни се измени и дополнувања на одредени закони велат од СДСМ.

– Сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале да дадат поддршка на овој пакет економски мерки во вредност од 400 милиони евра. Покрај мерките за намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедена е поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки. ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски