СДСМ: Системот „Една точка за услуги” обезбедува услуги од 10 институции на едно место, градиме систем на отворени и услужни институции

Од:

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите во јавната администрација што обезбедуваат отворени и услужни институции коишто работат во интерес на граѓаните, велат од владејачката партија преку соопштение.

„Во таа насока е и отворањето на центарот „Една точка за услуги“ каде што за граѓаните ќе бидат достапни повеќе елетронски услуги и информаци на едно место.

Во новоотвроениот центар во Скопје граѓаните ќе можат да добиваат информации и услуги од Министерството за внатрешни работи,, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.

На овој начин значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните и се подобрува ефикасноста на институциите. По Скопје, предвидено е отворање на вакви центри и во другите градови во државата.

Системот „Една точка за услуги“ е дел од процесот на градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, која во центарот на своето внимание ги има потребите на граѓаните и работи исклучиво во нивен интерес“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он