СДСМ: Сиљановска се уште не се изјасни за луксузните лустери

Од:

„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска се уште не се изјасни за луксузните лустери што ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад неа, се обидува да ги прошверцува.

Сиљановска во јавноста постојано зборува за правда, но молчи за тоа што ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј имот е замрзат во судски процеси, донира луксузни предмети во ек на изборна кампања.

Го праша ли Сиљановска Мицкоски колку чинат, како се набавени и во кој финансиски извештај се пријавени скапите лустери поставени во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ изграден на грбот на граѓаните, во време на најголема сиромаштија?

Што мисли Сиљановска за имотот на ВМРО ДПМНЕ кој е замрзнат во судски случаи?

Молкот на Сиљановска по овие прашања потврдува дека таа е дел од матрицата на лаги, лажни вести и лажн патриотизам на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Сиљановска сака да биде само новиот Ѓорге Иванов, партиски послушник кој ќе работи по насоки од Будимпешта“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски