(ВИДЕО) СДСМ: Што уште треба да се случи за власта да почне да го почитува животот на граѓаните?

Од:

„Eве што се случува кога во главниот град нема елементарни услови за живот. Утрото тука 50-тина патници се повредени! Човечки фактор, старо возило на ЈСП, услови на патот, временски неприлики.

Што и да покаже увидот, она што е факт е дека:

-Овде нема атмосферска канализација.

-Улицата не е рамна.

-Плива во вода при секој пороен дожд, каков што имаше утрото.

-Дека не е реализирано долгогодишното ветување за проширување и реконструкција на улицата Првомајска.

За жал, прашање на момент беше кога ќе се случи вакво нешто. Можеше да биде и на кој било дел од градот или државата.

Дали сега утеха на загрижените семејства за тоа што се случи со нивните најблиски, овде во Драчево, може да биде 18 милионското панорамско тркало?

За тркала има. Но нема за одводи. Нема за патна сигнализација. Нема за банкини.

Бројката загинати во државава за само за 6 месеци оваа година е дури 71 лице.

Бидејќи власта, деновиве со скапи реклами не учи да го почитуваме животот, ние граѓаните сега апелираме:

– Што уште треба да се случи за власта на ВМРО-ДПМНЕ да почне да го почитува животот на граѓаните“, праша Дарко Каевски, советник во Советот на општина Кисела Вода, СДСМ.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците