СДСМ: Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да замине?

Од:

„Толку е лоша состојбата со здравството во Македонија што денеска беше пукано во лекар a уште три лица беа поврдени во престрелка на Клиниката за абдоменална хирургија.

Со Никола Груевски и Никола Тодоров каубојските филмови станаа реалност и во болниците.

Недозволиво е во еден Клинички центар во којшто секојдневно влегуваат и излегуваат илјадници луѓе, барајќи здравствена помош, на некого да му биде дозволено да пука.

Лекарите во јавното здравство немаат основни услови за работа а примаат мали плати. Поради хаосот во здравството лекарите во Македонија се загрозени дури и на работното место.

Тодоров и Груевски ги оставија лекарите без никаква заштита ниту сигурност во извршувањето на најблагодарната работа, да се грижат за здравјето на граѓаните.

Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да замине?

Граѓаните знаат. Доста беше. Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски