СДСМ: Што има ВМРО-ДПМНЕ против македонските успеси и зошто е против зголемената субвенција за производителите на домати?

Од:

Што има ВМРО-ДПМНЕ против македонските успеси и зошто е против зголемената субвенција за производителите на домати?

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат зошто толку им сметаат македонските успеси, особено на меѓународен план?

Зошто на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и смета тоа што производителите на домати ќе имаат дополнителна субвенција од седум денари за килограм предаден домат?

После 11 години изолација за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година Македонија успеа да направи огромен напредок, имаме кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе почнат во јуни.

Македонија денес е препознаена како земја на позитивни промени и општествен дијалог, а вратите за членство во ЕУ се отворени, државата започнува преговори за полноправно членство во 2019 година!

Само опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи и не се радува на овој успех на Македонија којшто е меѓународно потврден и признаен.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека е против напредок, против реформите и против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, а тоа го потврдува преку неаргуметнираните напади, лажните вести и невистини што ги шири со секој свој јавен настап“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Филип Ѓоргиев од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он