СДСМ: Шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие позади лаги, немало средби на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска

Од:

Секогаш кога се фатени со „рачињата во медот“ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат скандалот. Проблемот овој пат им е поголем, затоа што самите се фатија, се скараа за пари и тендер вреден 136 милиони евра а институциите веќе го истражуваат случајот велат од СДСМ.

– Нека не се крие шпицниот градоначалник Мицкоски позади лаги. Немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со нивната кандидатка а потоа и избрана градоначалничка Данела Арсовска. Ниту во четврток, ниту некогаш имало средба на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска. Паника на бродот Баунти. Фатени со рачињата во медот прилично е очајно ова однесување на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. Ниту може шпицниот кандидат Мицкоски да се сокрие ниту пак да ја префрли топката онаму каде што не и е место. Шпицниот градоначалник Мицкоски наместо да се крие од јавноста да излезе и да каже која е неговата поврзаност со тендерот тежок 136 милиони евра се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?