СДСМ: Шест месеци од мандатот, градоначалникот Муцунски ги помина во неработење

Од:

Цели шест месеци од мандатот, градоначалникот Тимчо Муцунски ги помина во неработење и без остварување на ниту едно ветување дадено пред граѓаните. Освен што ги довршува започнатите проекти од претходната локална власт кои одамна требаше да бидат завршени, Муцунски нема започнато ниту еден друг капитален проект во општина Аеродром рече на прес конференција координаторот на советничката група на САСМ во општина Аеродром, Милутин Ристески.

– Во изминатите денови сведоци бевме на фотографии со кои граѓаните се жалат на неискосени тревници, неисчистени контејнери и корпи за отпадоци, депонии, искршени клупи и уништени паркови. Но затоа Муцунски адиминистрацијата на општината ја наполни со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Цели шест месеци Муцунски ја замајува јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност се работи за информации до Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови. Граѓаните на дело ја гледаат неспособноста на Муцунски и кадрите на неговата ВМРО-ДПМНЕ рече Ристески.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана