СДСМ: Сеуште нема извештај за финансиската состојба на училиштата во Битола

Од:

СДСМ од Битола денеска побара од директорите на битолските училишта да ги достават аналитичките извештај за финансиската состојба во основните и средните училишта, кои Социјалдемократите ги побарале пред една година.

„Денес изминува точно една година, откако советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола, бара аналитички извештај за финансиската состојба во основните и средните училишта во нашиот град.

– Официјална информација, од страна на надлежните, до овој момент нема. Молчат одговорните во општина Битола, молчат директорите на училиштата, но исто така молчи и министерството за образование и наука.

– Денес , како координатор на СДСМ во Советот на општина Битола, кој всушност е основач на споменатите образовни институции, кај подрачниот раководител за образование , поднесовме анкетен образец, за сите директори, во основните и средните училишта во нашиот град.

– Според Законот за пристап до информации и други законски прописи, директорите се должни да ги пополнат со вистинити показатели за финансиската состојба во нивните училишта.

– Во спротивно, грубо ќе го прекршат законот и другите акти, кој ја регулираат оваа материја, во кој што законодавецот пропишал кривична одговорност“, изјави Д-р Томе Наумов, координатор на советничка група СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!