(ВИДЕО) СДСМ: Седум лица од Општина Центар потрошиле 9.000 евра за кафе

Од:

СДСМ денеска обвини дека седум лица од Општина Центар во 9 месеци потрошиле 9.000 евра за кафиња и пијалаци.

– Потребно е да се соберат повеќе од 15 луѓе на оваа локација и да се напијат по едно кафе и по еден пијалак за да биде достигната оваа сума од 2.000 денари на ден, рече партискиот портпарол Петре Шилегов во изјавата на плоштадот Македонија, повикувајќи се на ревизорскиот извештај од Општина Центар.

Шилегов посочи дека изминатиов период ВМРО – ДПМНЕ се обидува во јавноста да наметне паушални теми за да го одвлече вниманието од реалноста во државата.

Според портпаролот на СДСМ, Македонија има најниска просечна плата во регионот, а информациите од ЕУРОСТАТ за 2012 година покажуваат дека во регионот сме на последно место по директни странски инвестиции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски