СДСМ: Седум конкретни мерки за борба против загадениот воздух

Од:

„Скопје со денови е меѓу градовите со највисоко аерозагадување на светот, што претставува ризик за здравјето на граѓаните. Загадувањето на воздухот во Скопје бара преземање неодложни мерки“, велат од СДСМ.

„Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето на воздухот во главниот град.

СДСМ предлага седум конкретни мерки, кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат, и тоа:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето;

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување);

5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;

6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни и

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Мерките треба што побрзо да се усвојат, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните.

За СДСМ граѓаните се на прво место“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он