СДСМ: Се зголемуваат платите и се унапредуваат условите за работа на припадниците на АРМ

Од:

„Владата предводена од СДСМ и Министерството за одбрана продолжуваат со спроведување на мерки за подобрување на условите за работа и живот на војниците, на Армијата на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, се обезбедуваат 7.200 пара чизми за сите припадници на АРМ.

По зголемување на буџетот за одбрана за 15 отсто, платите на вработените во одбраната се зголемени за 10 отсто, а обезбедни се средства за целосно почитување на колективните договори и целосна исплата на 24 часовните дежурства.

Членството во НАТО не претставува само политичка цел, туку тоа е реална шанса за квалитетни услови за работа на припадниците на АРМ и подобар живот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува со грижа за припадниците на АРМ и останува посветена на процесите што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде вредносно и цивилизациски припаѓа“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?