СДСМ: Се решава долгогодишниот проблем со „Еурокомпозит“

Од:

Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава напластените проблеми кои претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години ги игнорираше. Се решава долгогодишниот проблем со фабриката „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп, информираат од СДСМ преку соопштение.

„Владата го усвои и го достави до Собранието, Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп.

Со ова се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на претпријатието кое е во државна сопственост.

Во пракса, тоа значи дека ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените. Истовремено, ќе им биде евидентиран и остварениот работен стаж во компанијата, за да можат сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.

Продолжуваме да спроведуваме мерки пто се во интерес на граѓаните, кои ги решаваат долгогодишните проблеми и кои обезбедуваат економски раст и развој.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски