СДСМ: Се потврдија политичките игри и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Од:

„Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, манифестирано и преку нејзиниот пратеник Антонијо Милошоски, повторно покажа дека опозициската партија единствено промовира популизам додека ги блокира реформските процеси.

Покрај јавните изјави на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски дека од исклучително значење за Македонија е да почне постапката за комплетирање на составот на Државната изборна комисија, Милошоски вчера не дојде во собраниската пленарна сала за, како што налага процедурата, да го образложи предлогот како предлагач, за да може по него да се постапува.

ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваше дека намерно се одлага дискусијата за комплетирање на составот на Државната изборна комисија. Тоа се потврди вчера кога оваа точка дојде на дневен ред и кога можеше за неа да се расправа, но ниту Милошоски, ниту некој пратеник од ВМРО- ДПМНЕ не влезе во собраниската сала, поради што немаше услови за дискусија и понатамошно постапување.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ја напушти политиката на блокади и деструкција. Наместо популизам, политички игри и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде придонес во процесите за имплементирање на реформите во државата коишто се во интерес на граѓаните и на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски