СДСМ: Се остварува стратешка цел на државата, сонот на генерации граѓани, стануваме 30-та земја членка на НАТО

Од:

„Самитот на НАТО во Лондон ја потврди Република Северна Македонија како 30 земја членка на Алијансата.

По успешната ратификација на Протоколот за пристапување во 28 земји членки, останува уште само ратификацијата од страна на Шпаниија, по што Северна Македонија и официјално станува 30 земја членка на НАТО.

Тоа е реализација на една голема и важна стратешка цел, сонот на генерации граѓани се остварува, целосно е заокружена цел поставена уште од Денот на независноста на државата.

Рамо до рамо со светските лидери, во најмоќниот свтетски сојуз“, велат од СДСМ.

„Влезот во НАТО значи трајно обезбедување на стабилноста, сигурноста и безбеденоста, но влезот во НАТО значи и можност за дополнителен економски раст, нови инвестиции, освојување нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места.

Сето тоа значи повеќе пари за граѓаните.

На прав пат сме, од заробена, изолирана држава денес сме партнер на регионот и демокартскиот свет, со сигурна и стабилна иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?