СДСМ: Се додека ВМРО-ДПМНЕ не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, не може да биде демократска алтернатива

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е автор и симбол на кризите, насилството, конфликтите и меѓуетничките поделби, политики коишто се единственото наследство што таа партија им го остави на граѓаните и општеството.

Граѓаните се поголеми и посилни од поделбите. Македонија веќе расчисти со поделбите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија мора да престане да предизвикува насилство и да се откаже од организирање протести кои шират говор на омраза кон поддржувачите на концептот едно општество, односно кон мнозинството граѓани во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави заробена и уништена држава, а она што партијата на Христијан Мицкоски го уништи во 11 години владеење, Владата предводена од СДСМ секојдневно го санира овие 10 месеци.

Тоа го покажуваат и економските параметри коишто ги гледаат сите освен ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Зголемената минимална плата, решавањето на статусот на стечајчците, подобрениот кредитен рејтинг, растот на индустриското производство, намалување на невработеноста се само дел од економските показатели коишто ги потврдуваат успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Христијан Мицкоски треба да отиде во секој град и секое село, да тропне на секоја врата, да ги види штетите од 11 годишното криминално владеење на неговата партија и да му се извини на секое семејство за пустошот што го направија.

Мицковски должи извинување за 11 години притисоци и закани кон граѓаните, за украдените избори и за украдените пари од граѓаните.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива. Затоа и никакви најавени совети и вклучувања на експерти нема да и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ ако опозициската партија не се откаже од деструкцијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со обидите да го кочи развојот на Македонија и да преземе одговорност, да се демократизира и да прифати дека во Македонија живеат граѓани од различни заедници и дека сите граѓани се за едно општество, за демократија и напредок“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски