СДСМ: Само виртуелниот свет на Никола Груевски има раст

Од:

„Ако Народна банка и Министерството за финансии ги намалуваат проектираните стапки на раст на економијата, само во виртуелниот свет на Никола Груевски може да има пораст на индустриското производство.

Очигледно само виртуелниот свет на Никола Груевски расте додека економијата, стандардот, извозот, странските инвестиции, се во постојан пад.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка.

Затворени се над 10.000 фирми во земјава.

1.000 рудари останаа без работа пред неколку дена.

Над 500 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштијата.

Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Нема странски инвестиции, нема нови работни места, наместо индустриски зони зјаат празни ливади.

Впрочем и самиот Никола Груевски пред само 4 дена призна целосен пораз на сите негови политики“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат